За нас
Интер-Еврогенекс од Ново Село, Струмичко, е модерна фармацевтска и диететска компанија, која произведува хербални лекови и диететски производи во Република Македонија. Ние произведуваме околу 20 сопствени производи, кои го носат знакот „Здравје од природата“ и се присутни на македонскиот и на странските пазари.
Производите се исклучиво од растително потекло, а потекнуваат од планините Беласица и Огражден, во чија близина се наоѓа и самата фабрика. Овие планини се сметаат за чиста еколошка средина.
Интер-Еврогенекс располага со најсовремена технологија и опрема која ги исполнува сите Европски и интернационални стандарди. Располагаме со соодветно тренирани и стручни искусни професионалци кои се основа за доверба на партнерите кон нас.
Обраќање на директорот

Драги пријатели,
Ако вие или некој од вашата фамилија има карцином, тогаш ова веројатно е најважниот текст што некогаш сте го прочитале...
- После 23 години и илјадници пациенти од целиот свет...
- После стотина пациенти кои доаѓаа и заминуваа...
- После многу обиди да се игнорира...
- После многу обиди да се украде формулата..
Само ЕДЕН производ го преживеа тестот на времето, и многу е блиску денот кога секој пациент кој има карцином, без разлика од типот, нема повеќе да се плаши од својата болест.
Лекот е именуван како "Varumin", и после 23 години сеуште се покажува како успешен во третирање на некои од најлошите болести на денешницата.
Во тек на 30 годишното искуство во полето на научно истражување на растенијата, моја главна окупација беше собирање на самоникливи лековити билки, со цел да се развиваат нови формули и продукти кои овој свет би го направиле подобро место за живот.
Еден ден резултатите покажаа дека сум ја открил "среќната" комбинација.
Оваа комбинација ја нареков Varumin®.
Во времето што доаѓаше постојано работев на унапредување на формулата. Ефикасноста се подобруваше, со што овој производ произлезе како еден од најдобрите природни продукти на пазарот.
Varumin својата популарност ја зголеми заради фактот дека успешно може да го излекува карциномот.
Историја на компанијата
Се започна во 1991 година, кога Mr. Ing. Иван Ѓорѓиев ја основал компанијата Интер-Еврогенекс, чија главна цел била собирање на самоникнати медицински растенија, со цел развој на нови формулации и производи.
Компанијата се посветува на водени екстракти и хербални чаеви, а својата експанзија ја доживува во 2001 година кога и започнува со изградба на нова фабрика со сопствени средства. Фабриката е изградена во согласност со интернационалните стандарди и правилата за добра производствена пракса (GMP) за производство на хербални лекови во течни и цврсти дозирани форми. Компанијата ги поседува сертификатите ISO 9001 и ISO 14001.
Денес
Денес компанијата од семеен бизнис прераснува во модерна фабрика за производство на хербални лекови и диететски производи. Интер-Еврогенекс во своите производи ги содржи најчистите природни материјали, чиј квалитет и својства се гаранција за одржување на човековото здравје. Не смее да заборавиме - здравјето е единствено нешто што вреди за инвестирање.
Нашата Визија - здравје од природата
Фармацевтската индустрија Интер-Еврогенекс е подолго време присутна на македонскиот и светскиот пазар. Интер-Еврогенекс се занимава со производство на ексклузивни лековити хербални лекови исклучиво од растително потекло.
Нашата визија е здравје од природата, визија која упатува на користење на уникатните природни ресурси за лечење на сите болести. Ние во Интер-Еврогенекс знаеме дека за секоја болест и состојба, постои соодветен третман од природата. Затоа сите наши напори ги насочуваме кон истражување на природните ресурси и откривање на билни комбинации - лек за секоја болест.
Знаењето и искуството на нашиот кадар, потпомогнато од најсовремените технолошки достигнувања кои ги имаме имплементирано во нашите лаборатории, ни даваат идеални услови за создавање на најдобриот производ.