Varumin

Светски познатиот хербален лек за подобрување на општата состојба на организмот, особено корисен за третман на тумори

Varumin® орален раствор

Дејство:

Varumin® е хербален лек за перорална апликација, кој се состои од две формулации: Varumin® 1 и Varumin® 2 кои се употребуваат во комбинација. Овој хербален лек во својот состав содржи: сув екстракт од алое, прополис и воден екстракт од поголем број растенија.

Состојките на Varumin® имаат широк спектар на фармакодинамска активност. Овие состојки се користат во традиционалната, хомеопатската и научната медицина. Позначителни фармакодинамски дејства се: цитотоксично, имуностимулативно, детоксификациско, антиинфламаторно, антимикробно, диуретично, антидепресивно и лаксативно, заради што може да се користи како дополнение на стандардната терапија на различни болести, кои се карактеризираат со намален имунитет и лоша општа состојба.

Преку бројни студии и поединечни случаи е докажано антиканцер дејството на Varumin®.

Од досегашните испитувања може да се извлече заклучок дека Varumin® го олеснува прифаќањето на стандардната терапија за малигни заболувања, а влијае и самостојно против клетките на ракот. Ја зголемува отпорноста на организмот, со што го стимулира имуниот одговор на организмот. Со употреба на Varumin® може да се очекува брза регенерација на оштетените ткива и комплетно излекување на пациентот.

До сега не е забележан ниту еден несакан ефект кој е последица на употребата на Varumin®.

Употреба:

Varumin® је подобрува општата состојба кога организмот е исцрпен, за подобрување на отпорноста на организмот, како дополнение на стандардната терапија на најразлични акутни и хронични болести, малигни болести, анемиа и други состојби кои се карактеризираат со мал имунитет и лоша општа состојба.

Дозирање и начин на апликација:

Varumin® е наменет за перорална употреба според следната шема:

  • Почеток на третманот

    Терапијата започнува со Varumin® 1: целата содржина од Varumin® 1 (50 ml) се пие 1 час пред јадење.

  • Продолжување на третманот

    6 часа после земањето на Varumin® 1, се започнува со земање на Varumin® 2.

    Varumin® 2 се зема 4 пати дневно, по една супена лажица, 1 час пред јадење.

Предупредување и мерки на претпазливост:

Varumin® не би требало да го користат:

  • лица кои се преосетливи на некоја од компонентите на хербалниот лек;
  • лица со интестинална опструкција;
  • лица со постојна инфламаторна интестинална болест (Кронова болест, улцеративен колитис);
  • лица со воспаление на слепото црево (appendicitis) и болки во стомакот од непознати причини;
  • при бременост и лактација;
  • деца помлади од 10 години, заради тоа што за нив не е потврдена безбедноста на хербалниот лек кои содржат алое;
  • лица со хипертироидизам.

Продолжена употреба на хербалните лекови кои содржат алое може да предизвика:

  • хиперсензитивни реакции кои се манифестираат со дерматитис со егзематозни реакции;
  • губиток на електролити (особено калиум), инхибиција на интестиналниот мотилитет и потенцирање на активноста на кардиоактивните лекови;
  • гастроинтестинални нелагодности, срцева аритмија и нефропатии (во ретки случаи);
  • албуминурија и хематурија.

За парахидроксибензоатите се знае дека може да предизвикаат уртикарија или одложен тип на реакции како контактен дерматитис. Ретко може да настанат брзи алергиски реакции со уртикарија и бронхоспазам. Во случај да се забележат алергиски реакции од ваков тип, треба веднаш да се прекине се употребата на хербалниот лек.

Несакани ефекти:

Болки во стомакот и спазам може да се појават дури и после првата употреба на хербалните лекови кои содржат алое. Хроничната употреба на лаксативи (како екстрактот од алое) може да предизвика електролитен дисбаланс (хипокалемија и хипокалцемија), метаболна ацидоза, малапсорпција, губиток на тежината, албуминурија и хематурија. Слабост и ортостатска хипотензија може да се очекуваат кај постарите пациенти, после долготрајната употреба на екстрактите од алое.

До сега не е пријавен ниту еден несакан ефект од употребата на Varumin®.

Интеракции:

Долготрајната употреба на хербалните лекови од алое со кардијални гликозиди и антиаритмични лекови може да предизвика губиток на калиум и зголемување на ефектот на кардијалните гликозиди и антиаритмичните лекови.

Паралелна употреба на хербалниот лек од алое со тиазидните диаретици и кортикостероидите ја зголемува можноста за недостиг на калиум. Лековите кои содржат имела може да го зголеми ефектот на кардијалните гликозиди, хипотензивните и хипертензивните лекови, антидепресивите и антикоагулантите.

Кај пациентите кои користат селективни инхибитори на повторното превземање на серотонин (пр. сертралин), забележано е зголемувањето на нивото на серотонин од хербални лекови кои содржат кантарион. Исто така кантарионот може да ја намали активноста на некои лекови кои истовремено се користат, како што се неседативните антихистаминици, оралните контрацептиви, ампренавир некои антиретровирусни лекови, антиепилептици, блокатори на калциумовите канали, цилкоспорин, некои хемотерапевтици, макролидни антибиотици и некои антифунгални лекови.

Чување:

Треба да се чува на температура од 25°C, заштитен од светлина.

Да се чува вон дофат на деца.

Рок на траење:

36 месеци од датумот на производство.

Не треба да се користи после истекот на рокот означен на пакувањето.

Легален статус:

Хербалниот лек се издава само во аптека, без рецепт.

Пакување:

Varumin® 1 стаклено шишенце од 50 ml, раствор за орална употреба.

Varumin® 2 стаклено шишенце од 250 ml, раствор за орална употреба.

Page rendered in 0.0268 seconds