Varumin

Светски познатиот хербален лек за подобрување на општата состојба на организмот, особено корисен за третман на тумори

Производство

Интер-Еврогенекс располага со најсовремена опрема за производство на течни и цврсти дозирани форми и нивно амбалажирање.

Таблети

Поседуваме најсовремена опрема за мешање на суровините, гранулирање и таблетирање.

Течни дозирани форми

Опремата со која располагаме овозможува екстракција на билната содржина, стерилно амбалажирање и пакување.

Растителни преработки

Интер-Еврогенекс во своите простории ја изведува целата постапка за добивање на растителни преработки: сушење, ситнење/мелење, пакување.

Дистрибуција

Интер-Еврогенекс изразува подготвеност за воспоставување партнерство со странски компании за регистрација, дистрибуција и маркетинг на нашите производи.

Производство

Спремни сме за соработка, односно производство по договор и соодветно амбалажирање на готовиот производ. Располагаме со комплeтна опрема за производство, атоматско дозирање и пакување на течни дозажни форми во стаклени шишиња и производство и пакување на таблети.

Компанијата ја поседува следната опрема:

  • млин за растителен материјал со капацитет од 1.000 кг/час
  • дејонизатор за чиста вода со капацитет од 2.000 л/час
  • дупликатор екстрактор со капацитет од 200 л/час
  • хомогенизатор со капацитет од 200 л/час
  • машина за дозирање на стаклени шишиња со капацитет од 10.000 шишиња/час
  • машина за затварање на шишињата со капацитет од 10.000 шишиња/час
  • машина за етикетирање со капацитет од 10.000 шишиња/час
  • гранулатор со капацитет од 100 л/час
  • машина за таблетирање со капацитет од 160.000 таблети/час

Суровини

Интер-Еврогенекс располага со суровини потребни за вашето производство. На располагање имаме суровини од кои дел може да се отстапат за продажба, а има и повремена потреба од откуп на суровини.

Потеклото на суровините е загарантирано со внимателна контрола на добавувачите и преку лабораториска контрола на примероци од добиените суровини според фармацефтските и наши стандарди. Тука спаѓа и микробиолошка контрола како и анализа на присуство на тешки метали и пестициди.

Ви прикажуваме дел од нашите залихи:

  • Capsella bursa-pastoris до 100.000 kg
  • Urtica folii до 50.000 kg
  • Hyperici herba до 40.000 kg
  • Cynodoni rhizoma до 100.000 kg
  • Visci herba до 50.000 kg
  • Mentha piperita до 50.000 kg

Page rendered in 0.0285 seconds