Производство
Интер-Еврогенекс располага со најсовремена опрема за производство на течни и цврсти дозирани форми и нивно амбалажирање.
Таблети
Поседуваме најсовремена опрема за мешање на суровините, гранулирање и таблетирање.
Течни дозирани форми
Опремата со која располагаме овозможува екстракција на билната содржина, стерилно амбалажирање и пакување.
Растителни преработки
Интер-Еврогенекс во своите простории ја изведува целата постапка за добивање на растителни преработки: сушење, ситнење/мелење, пакување.
Дистрибуција
Интер-Еврогенекс изразува подготвеност за воспоставување партнерство со странски компании за регистрација, дистрибуција и маркетинг на нашите производи.
Производство
Спремни сме за соработка, односно производство по договор и соодветно амбалажирање на готовиот производ. Располагаме со комплeтна опрема за производство, атоматско дозирање и пакување на течни дозажни форми во стаклени шишиња и производство и пакување на таблети.
Компанијата ја поседува следната опрема:
- млин за растителен материјал со капацитет од 1.000 кг/час
- дејонизатор за чиста вода со капацитет од 2.000 л/час
- дупликатор екстрактор со капацитет од 200 л/час
- хомогенизатор со капацитет од 200 л/час
- машина за дозирање на стаклени шишиња со капацитет од 10.000 шишиња/час
- машина за затварање на шишињата со капацитет од 10.000 шишиња/час
- машина за етикетирање со капацитет од 10.000 шишиња/час
- гранулатор со капацитет од 100 л/час
- машина за таблетирање со капацитет од 160.000 таблети/час
Суровини
Интер-Еврогенекс располага со суровини потребни за вашето производство. На располагање имаме суровини од кои дел може да се отстапат за продажба, а има и повремена потреба од откуп на суровини.
Потеклото на суровините е загарантирано со внимателна контрола на добавувачите и преку лабораториска контрола на примероци од добиените суровини според фармацефтските и наши стандарди. Тука спаѓа и микробиолошка контрола како и анализа на присуство на тешки метали и пестициди.
Ви прикажуваме дел од нашите залихи:
- Capsella bursa-pastoris до 100.000 kg
- Urtica folii до 50.000 kg
- Hyperici herba до 40.000 kg
- Cynodoni rhizoma до 100.000 kg
- Visci herba до 50.000 kg
- Mentha piperita до 50.000 kg