Аптека Варуфарм
Аптеката „Варуфарм“ е составен дел од компанијата „Интер-Еврогенекс“. Аптеката е основана во ноември 2007 година и се наоѓа на ул. Железничка, број 23а во Скопје. Самата локација на аптеката овозможува лесен пристап на нашите потрошувачи.
Во аптеката е застапена целата палета производи на „Интер-Еврогенекс“, како и сите други производи кои спаѓаат во областа на аптекарското работење (лекови, хербални лекови, додатоци во исхраната итн.).
Со стручноста на нашиот персонал и професионалниот пристап кон потрошувачите настојуваме да дадеме најсоодветна услуга или совет во секое време. Снабденоста и односот кој го градиме со нашите потрошувачи се гаранција дека никогаш нема да Ве изневериме.


